Selen Temizer
11 Декември 2015•Ажурирај: 12 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во врска со реакциите на ирачката влада за влезот на турските војници во регионот околу Мосул, изјави дека турската војска во тој регион се наоѓа бидејќи минатата година, премиерот на Ирак Хајдар Ал-Ибади, од Турција побара помош, јавува Anadolu Agency (АА).
Ердоган во интервју за телевизијата Al-Jazeera Arabic зборуваше за актуелните теми, а во таа пригода ја спомена и тензијата околу влегувањето на турксите војници во регионот околу Мосул.
Во врска со реакцијата на Владата на Ирак за влегувањето на турската војска во подрачјето околу Мосул, Ердоган порача дека оваа земја од Турција барала помош, откако минатата година, терористичката организација ДАЕШ го зазеде Мосул, што претставуваше закана за понатамошно нејзино ширење во северниот дел на Ирак.
„Кога во 2014 година разговаравме во врска со тоа со почитуваниот господин Ибади, тие од нас бараа да им пружиме поддршка во обуката на војниците. Ние врз основа на нивното барање го формиравме кампот Башика“, кажа Ердоган и додаде:
„Запознаени се со сето тоа. Зарем сега нема да бидат прашани, ’каде бевте кога беше изграден тој камп?’ Оттогаш, гласот не ви се чу, а сега, по одредени случувања во регионот правите вакви чекори“.
Ердоган нагласи дека турските сили во тој дел на Ирак не се наоѓаат таму како борбени сили, туку се таму во едукативни цели.
Ердоган, исто така, нагласи дека во регионот се наоѓаат земји кои ја креираат политиката врз база на верска дискриминација и поделба, и порача дека Турција е земја која е против таквото секташтво.
Според неговите зборови, на врвот на листата на земји од регионот кој се занимаваат со такво секташтво се Иран и Ирак.
„За жал, ние денес сме сведоци дека Ирак и Иран соработуваат кога станува збор за таквата верска дискриминација и поделба. Оваа соработка на ист начин се продолжува и во Сирија. Што се крие и зад сите проблеми во Сирија? - Повторно, секташтвото“, рече Ердоган.
Истакна дека во Ирак не постои еден праведен систем на управување, и најголем дел од населението на оваа земја, вклучувајќи ги и Арапите, е загрижено поради тоа.