Nurettin Coşkun
07 Август 2016•Ажурирај: 08 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган имаше свое обраќање на Митингот за демократија и загинатите херои на којшто рече дека на 15 јули се покажа храброста и издржливоста не само кон политичките туку и против воените саботажи, јавува Anadolu Agency (AA).
„На 15 јули на нашите пријатели им покажавме колку сме силни, не само во однос на политички, економски и дипломатски напади, туку истовремено колку сме силни и против воени саботажи. Им покажавме дека нема да западнеме во колапс и дека нема да можат да не оттргнат од патот по кој се движиме. И додека истата вечер нашите непријатели ги триеа рацете во исчекување Турција да биде срамнета со земја, утредента се разбудија согледувајќи дека во иднина тоа ќе им биде многу потешко".
На „Митингот за демократија и загинатите херои“ што на плоштадот Јеникапи се одржа под покровителство на Претседателството и со поддршка на истанбулската префектура и општина, Ердоган осврнувајќи се на ноќт на обидот за државен удар истакна: „Таа ноќ, исто како да ја убија смртта, милиони наши граѓани ги наполнија улиците, од кои некои ја постигнаа честа да бидат маченици и херои. Своите имиња со златни букви ги запишаа во историјата. Верувајте ми, постигнувањето на овие чинови (маченик и херој) за време на борбата за заштита на татковината, не се некои привилегии што можат да се постигнат во секое време“, нагласи претседателот Ердоган.
Претседателот говореше за сплотеноста на сите, за сплотеноста која ги растажува непријателите.
„Сега овде заедно со началникот на Генералштабот, на плоштадот Јеникапи, оваа слика, заедно со мене, со премиерот, со лидерот на Републиканската народна партија (ЏХП) и Партијата на националното движење во Турција (МХП), со луѓе со различни погледи во 81 покраина, со луѓе со различни карактери, оваа глетка верувајте ми, сигурно ги растажи и ги измачи нашите непријатели“.
„Отсега ќе внимаваме кој е до нас, кој каде е поставен, ова во секоја единица многу добро ќе биде испитано. Ќе испитаме кој е во судството и ќе ги ставиме пред врата. Доколку се за во затвор, ќе ги уапсиме. Ќе платат за изработените дела", истакна Ердоган.
Ердоган спомена дека турската нација е различна нација, и ги продолжи зборовите: „Навистина турската нација, во Малазгирт, со верувањето и одлучноста ги отворија вратите на Анадолија, и на 15 јули, со истата чувствителност застанаа против пучистите. Сулејман Шах, во 1075 година, со визијата со која ја создаде нашата држава на овие простори, на 15 јули, со истата визија ја заштитивме нашата држава. Осман Гази, во 1299 година, над одредени темели ја изгради најмоќната држава во историјата, и ние успеавме врз истите принципи да ја одржиме Турција. Нашите предци, пред 100 години, се бореа до последната капка крв во Чанаккале, ние на 15 јули, со истата волја ја распрскаме терористичката организација ФЕТО-пучистите. Верувањето кое обезбеди херојот Мустафа Кемал Ататурк да ја започне Војната за независност така што постигна победа, сличното верување, на 15 јули беше присутно во сите градови на Турција".