A. Eda Ünlü Özen
07 Август 2016•Ажурирај: 08 Август 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Турскиот премиер Бинали Јилдирим на милионскиот митинг во Истанбул истакна дека со истиот дух како на Чанаккале е испишан еп и на 15 јули, јавува Anadolu Agency (AA).
„Народот што напиша еп во Ослободителната војна во Чанаккале, со истиот дух напиша еп и на 15 јули. 15 јули е Втората ослободителна војна. Му благодариме на Бога, благодарение на нашите загинати херои, денес на оваа земја живееме со нашата чест, независност, со братство и единство. Под облик на турски војник ќе ни ја окупираа земјата и ќе ја украдеа волјата на народот. Бог злото го претвора во добро. Секој удар што не нè убива, нè зајакнува. Ете исто како што е сега“.