Duygu Yener
18 Декември 2017•Ажурирај: 19 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, разговараше телефонски со британската премиерка Тереза Меј, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од кабинетот на претседателот се вели дека двајцата државници разговарале за билатералните односи, како и за последните случувања во врска со статусот на Кудс.
Ердоган и Меј изразиле задоволство од зајакнувањето на соработката меѓу двете земји, вклучувајќи ја и областа на наменската индустрија.
Во текот на разговорот нагласено е дека тензиите предизвикани од одлуката на САД за признавање на Кудс како главен град на Израел, е многу загрижувачка.
Двајцата државници истакнаа дека и Израел треба да сфати оти дводржавното решение е најдобриот начин за постигнување мир на Блискиот Исток.
Станало збор и за ветото на САД во Советот за безбедност на ОН за нацрт-резолуцијата околу статусот на Кудс, и повикаа на дистанцирање од новите тензии кои мировниот процес во регионот ќе го доведат во опасност.
На крајот од разговорот било истакнато дека целата меѓународна заедница мора да направи дополнителни напори за решавање на израелско-палестинското прашање.
Потсетуваме, во Њујорк денеска се одржа седница на Советот на безбедност на ОН на која се гласаше за резолуцијата предложена од Египет, а со која се бараше одлуките за статусот на Кудс да немаат правен ефект и да бидат отфрлени.