Kübra Chohan
19 Декември 2017•Ажурирај: 19 Декември 2017
ИЗМИР (АА) - Турските безбедносни сили утрово во Измир уапсија 51 осомничено лице за поврзаност со терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соработка со Националната разузнавачка служба (МИТ), турската полиција утринава започна сеопфатна антитерористичка операција во пет подрачја во западната област Измир.
Неименуван полициски извор за АА потврди дека досега се уапсени 51 осомничено лице и дека претресите на повеќе локации и понатаму траат.
Запленето е големо количество оружје и дигитален материјал, а полицијата е на терен бидејќи акцијата се изведува по налог на обвинителството кое издаде налог за апсење на вкупно 65 осомничени лица.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.