Kasım İleri
20 Јули 2016•Ажурирај: 20 Јули 2016
ВАШИНГТОН (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган со американскиот претседател Барак Обама денес разговараше телефонски за екстрадицијата на Фетулах Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).
Белата куќа потврди дека Ердоган и Обама разговарале за можна екстрадиција на Ѓулен, лидерот на терористичката организација ФЕТО.
„Американскиот претседател на турскиот претседател Ердоган јасно му кажал дека САД не поддржува терористи, ниту лица што коваат заговор околу соборување на демократски избрана влада“, наведе гласноговорникот на Белата куќа, Џош Ернест.
Ернест додаде дека американскиот претседател уште еднаш ја повторил силната поддршка на демократски избраната власт во Турција.
„Обама уште еднаш ја повтори силната посветеност на САД на демократски избраната Влада на Турција“, порача Ернест, додавајќи дека ги пофалил напорите на турскиот народ за, како што рече, „одбраната на Владата и спречувањето на пучот“.
Ернест потврди дека турските власти на американските власти во електронска форма им ја испратиле документацијата во врска со можната екстрадиција на Ѓулен.
Од Белата куќа наведоа дека американското Министерство за правда и другите американски агенции ги разгледуваат документите, нагласувајќи дека ќе делуваат во склад со спогодбата за екстрадиција меѓу двете земји, која постои децении наназад.