Kasım İleri
19 Ноември 2015•Ажурирај: 19 Ноември 2015
ВАШИНГТОН (АА) - Белата куќа во средата се закани дека ќе стави вето на законот кој ќе го прекине приемот на сириски и ирачки бегалци во САД, освен ако не се сертифицирани од безбедносните агенции дека не се закана за татковината, јавува Anadolu Agency (AA).
„Овој закон ќе воведе непотребни и непрактични барања кои неприфатливо ги попречуваат нашите напори за помош на едни од најранливите луѓе во светот, од кои многумина се жртви на тероризмот, и ќе ги изневери нашите партнери на Блискиот Исток и Европа во решавањето на сириската бегалска криза“, соопшти Белата Куќа во соопштението.
Нацрт-законот „Американската безбедност протв делата на надворешни непријатели 2015“, или американски БЕЗБЕДНОСЕН акт 2015, е поставен за гласање кон крајот на оваа недела.
Ги задолжува Одделот за домашна безбедност, ФБИ и директорот на Националната разузнавачка служба за спроведување проширена истрага на сириските бегалци кои сакаат да влезат во САД и доаѓа откако половина од гувернерите на САД најавија дека нема да им посакакаат добредојде на сириските бегалци во нивните држави по крвавите напади во Париз во кои е пронајден сириски пасош во близина на еден од напаѓачите.
Белата куќа соопшти дека актуелниот скрининг процес, кој ги вклучува речиси сите федерално разузнавање, безбедност, и агенциите за спроведување на законот, е веќе доволно ригорозен за одржување на безбедноста на земјата.
Скринингот на сите бегалци вклучува биометриски и биографски проверки, медицински проценки и интервјуа, како и дополнителни испитувања за оние кои доаѓаат од Сирија.