İsmail Özdemir
30 Март 2018•Ажурирај: 31 Март 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп разговараа телефонски, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наводите од Кабинетот на претседателот на Турција, двајцата претседатели разговараа за билатералните односи како и за најважните регионални прашања.
Посебно внимание е посветено на последните случувања во Сирија и Ирак, како и за борбата против тероризмот.
Двајцата претседатели ја потврдија решителноста на дополнително јакнење на соработката и координација во согласност со духот на сојузништвото.
Ердоган и Трамп исто така разговараа и за последните случувања на подрачјето на Газа.
Потсетуваме, бројот на Палестинците кои израелските војници ги усмртија во Појасот Газа денеска, зголемен е на 15, потврдија од Министерството за здравство во Газа.
Во нападите на демонстрантите во Газа и на Западен брег повредени се околу 1.400 Палестинци.