Ali Kemal Akan
31 Март 2018•Ажурирај: 31 Март 2018
АНКАРА (AA) - Ибрахим Калин, гласноговорникот на претседателот на Турција, порача дека во Газа отворено се повредува честа на човештвото, јавува Anadolu Agency (AA).
„Невозможно е да се прифати убивањето и ранувањето на луѓето на подрачјето на Газа, како ни повредување на честа на човештвото и кршење на меѓународното право. Ја повикуваме меѓународната заедница да делува, првенствено Обединетите нации", наведе Калин во соопштението.
Нагласи дека неговата земја најостро ги осудува нападите на израелската војска, на како што наведе, невините Палестинци.
„Најостро ги осудуваме израелските напади на цивилите и невините Палестинци кои денеска во Газа учествуваа на мирните протести", додаде Калин.
На крајот наведе дека Турција се солидаризира со Палестина и народот на таа земја.
„Системското насилство врз палестинскиот народ мора да биде запрено веднаш и без одлагање", заклучи гласноговорникот на претседателот на Турција.
Потсетуваме, бројот на Палестинците кои израелските војници ги усмртија во Појасот Газа денеска, зголемен е на 15, потврдија од Министерството за здравство во Газа.
Во нападите на демонстрантите во Газа и на Западен брег повредени се околу 1.400 Палестинци.