МЕРСИН (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган им се обрати на граѓаните на 6. Конгрес на Партијата за правда и разој (АК партија) во областа Мерсин. Во фокусот на обраќањето на Ердоган беа случувањата во Сирија, изнесувајќи критики на сметка на НАТО.
За случувањата во Африн, претседателот Ердоган изјави: „Напредуваме кон Африн. Инаку, тука сакаа да формираат еден терористички коридор. Им рековме дека прават грешка и дека ние тоа нема да го дозволиме. Но не нѐ послушаа. Мислеа дека туку така зборуваме. Овие не ги знаат Турците, турскиот народ и турските вооружени сили. Нашите безбедносни сили заедно започнаа да го прават тоа што е потребно“.
Зборувајќи за 3,5 милиони сиријски бегалци во Турција, Ердоган рече: „Зборувајќи за овие 3,5 милиони сиријски бегалци, меѓу нив имаше и бегалци од Џерабулус. Дали се вратија? Да. Колку? 140.000 од нив се вратија во Ер-Раи, Ел-Баб и Џерабулус, на територија од 2.000 квадратни километри. Досега ослободивме територија од 850 квадратни километри. Наша цел е да ослободите територија од 2.000 квадратни километри, а ако е потребно, ќе продолжиме. И за тоа правиме одделни пресметки. Зошто? Наш интерес не е земјата, наша цел е да ја расчистиме таа земја од терористите. Каде и да има терористи, ние сме таму“.
„Нема да дозволиме да се подели ова место“
Потседувајќи дека терористите прават притисоци на турската граница кај Хатај, Килис, Шанлиурфа, Газиантеп и Мардин, претседателот Ердоган рече дека по трпеливото чекање, сега преземале чекори против терористите.
Истакнувајќи дека го сака единството и заедништвото во државата, Ердоган рече: „Впрочем, ние сме браќа. Во оваа братска заедница не може да има поделби и подвоеност. Зарем ние меѓусебно ќе се сакаме поради парите, поради функцијата или материјални добра? Ние меѓусебно ќе се сакаме и почитуваме само и само поради Господ.“
Зборувајќи за борбата против терористите, претседателот Ердоган го рече следното: „Ни не сме како терористите и некои земји, кои својата совест, етика, чувства ги кренале на полица. Да беше така, заземањето на Африн ќе беше 3 дневна работа“.
Претседателот Ердоган соопшти дека во рамките на операцијата Маслинова гранка досега се неутрализирани 3.213 терористи.
„Ние многу добро ги познаваме овие окупаторски сили“
Зборувајќи за окупираните територии, претседателот Ердоган рече: „Нека не ме тераат да именувам. Многу добро ги знаеме овие окупаторски сили. Ние само посакуваме една безбедна и просперитетна иднина за нас и нашите пријатели“.
„Многу добро знаеме што им е целта во Сирија на терористичката организација и оние кои ја поддржуваат. Затоа и одиме против нив“, зборуваше Ердоган.
„Како што по рачистувањето на местата Џерабулус, Раи, Азаз, Ел Баб од терористите ја подигнавме целата инфраструктура, воспоставувајќи електрична енергија, вода и настава во овие градови, на иста начин тоа ќе го направиме и во Африн. Откако ќе го завршиме тоа, од терористите ќе ги расчистиме и градовите Мунбич, Ајн ел Арап, Тел Абјад, Рас ал Ајн, Камишли“, рече Ердоган.
„Каде е НАТО? Ние тука се бориме. Зошто не доаѓаш?“
Околу изостанувањето на поддршката на НАТО во Сирија, Ердоган го рече следното:
„Каде е НАТО? Ние тука се бориме. Зарем Турција не е членка на НАТО? Каде си? Во Авганистан веднаш ги повика сите членки на НАТО, а во Сирија? Кога нѐ повика во Авганистан, дојдовме, во Сомалија не повика, дојдовме, на Балканот не повика, дојдовме, сега јас ве повикувам, дојдете во Сирија. Зошто не доаѓаш?“, запраша претседателот Ердоган.
Претседателот Ердоган се осврна и на терористичките борци кои со странски патни исправи се борат во Сирија.
„Со патни исправи кои самите им ги издале, луѓе доаѓаа во нашата земја и од тука заминуваа на други места, а потоа стануваа и од нас бараат сметка за тоа. Сега истото го прават и за оние кои им се приклучуваат на ПЈД и ЈПГ. Сандаците со посмртни остатоци кои заминуваат од Сирија со пачаврите на нив, се доказ за лицемерието во борбата против тероризмот. Колку и да државните раководства на некои земји во разговорите со нас го зборуваат спротивното, има земји, кои на секое друго ниво, јавно и официјално ја поддржуваат терористичката организација“, зборуваше претседателот на Турција Ердоган во своето обраќање во Мерсин.