Ecenur Çolak
20 Април 2017•Ажурирај: 20 Април 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турцја Реџеп Таип Ердоган изјави дека на 16 и 17 мај ќе се состане со американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
На новинарско прашање за можен состанок со Трамп, Ердоган рече дека датумот за средба со претседателот на САД е веќе договорен.
Датумот е веќе одреден. Мислам дека на 15 и 16 мај ќе ја посетам Кина. Од Кина ќе отпатувам во САД. Веројатно датумот на состанокот ќе биде на 16 или 17 мај", рече Ердоган.
На крајот изрази надеж дека посетата на САД ќе биде, како што рече, „корисна и целисходна".