Kasım İleri
02 Април 2016•Ажурирај: 03 Април 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Турскиот исламски центар во Соединетите Американски Држави ќе игра круцијална улога во борбата против нетолеранцијата и предрасудите кон муслиманите, рече претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган во текот на денешното свечено отворање на новиот Исламски центар во американската сојузна држава Мериленд, недалеку од Вашингтон, јавува Anadolu Agency (АА).
Обраќајќи се на отворањето на Исламскиот центар, кој е изграден со поддршка на Управата за верски работи на Турција, Ердоган истакна дека муслиманите претставуваат една голема групација граѓани со право на глас во САД.
„По нападите на 11-ти септември, предрасудите кон муслиманите на Западот се оркестрирани, вклучувајки ги и САД. Тоа отиде толку даклеку што секој муслиман се смета за терорист. Со загриженост и запрепастеност гледаме како одредени американски претседателски кандидати ги бранат тие предрасуди“, рече Ердоган.
Тој нагласи дека муслиманите не смеат да бидат доведени во позиција да мора да бираат помеѓу тоа дали ќе бидат муслимани или ќе бидат Американци.
Турскиот претседател додаде дека додека муслиманската заедница се обидува да се избори со предрасудите против своите членови, одредени групи, кои тврдат дека се поврзани со исламот - како ДАЕШ, Боко Харам и Ал Каеда - со своето однесување ги хранат антиисламските групи.
Ердоган и во оваа пригода ги осуди активностите на терористите на ДАЕШ, велејќи дека Турција е една од главните мети на терористичките групи.
„Ниедна сила не може да ѝ наштети на Турција повеќе од тие групи“, додаде Ердоган во обраќањето на отворањето на Исламскиот центар во Мериленд.
Напомена дека неговата земја се бори против терористите повеќе од три децении, реферирајќи на незаконските активности на терористичката организација ПКК.
Подвлекувајќи дека Турција чини сè со цел да помогне во антитерористичките активности на европските земји. Ердоган повтори дека во рамките на таа соработка, турските власти ја информирале Белгија за осомничените терористи и предале еден од бриселските бомбаши.
„Но белгиските бомбаши го пуштија тврдејќи дека неговото досие е чисто, а потоа се случи нападот“, рече Ердоган.
Турскиот претседател се наоѓа во посета на САД во рамките на кои се сретна со американскиот колега Барак Обама и присуствуваше на Самитот за нуклерана безбедност.