Nilay Kar
28 Јануари 2019•Ажурирај: 29 Јануари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека турските сили наскоро ќе ги исчистат сите остатоци на ДЕАШ оставени намерно во Сирија, и обучени против Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Наскоро ќе донесеме мир, безбедност и стабилност источно од реката Еуфрат, како што направивме во другите региони (во Сирија)“, изјави Ердоган, осврнувајќи се на ветената антитерористичка операција надвор од турските граници, што ќе следува по двете слични операции од 2016 година.
„Во однос на ова, ќе продолжиме да бидеме во контакт со силите што имаат воено присуство во регионот, особено со САД и Русија“, изјави тој за време на обраќањето на настанот за турската Црвена полумесечина во Истанбул.
Тој додаде дека се одржани позитивни разговори со Вашингтон и Русија.
Во текот на изминатите денови, турските официјални претставници соопштија дека Турција завршила со сите подготовки за операцијата источно од Еуфрат во северна Сирија,и која ќе биде од корист за територијалниот интегритет на земјата зафатена од војна.
Ердоган, исто така, истакна дека плачот на угнетените и понатаму се слуша од различни делови на исламскиот свет.
„Исламскиот свет не беше во можност да спроведе ефективна и успешна борба за справување со кризите што се случуваат на поголемиот дел од неговите територии“, рече тој.