Cihan Okur
28 Јануари 2019•Ажурирај: 29 Јануари 2019
АМАСИЈА (АА) - Во подрачјето на Мерзифон, во турскиот град Амасија, при уривање на рудник спасени се тројца рудари што беа заглавени под урнатините, и се наоѓаат во добра здравствена состојба, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, рударите Олџај Ѓуџек, Адем Ибик и Орхан Кутлуџа останаа под урнатините по катастрофата што се случи вчера во рудник во ова подрачје.
На местото на настанот беа упатени спасувачки, противпожарни и медицински екипи, во чии активности спасени се тројцата рудари и пренесени се во болница.
Се истакнува дека спасените рудари се наоѓаат во добра здравствена состојба.
Гувернерот на Амасија, Осман Варол, ги посети спасените рудари во болница и доби информации за нивната здравствена состојба.
Варол, во изјава за медиумите, истакна дека заглавените рудари биле итно спасени, дека биле хоспитализирани и дека се наоѓаат во добра здравствена состојба, со мали повреди.