Sarp Özer
28 Август 2017•Ажурирај: 29 Август 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во врска со нападот на муслиманите во Аракан рече дека светот е нем и глув на случувањата во Мијанмар, јавува Anadolu Agency (AA).
„За жал, можам да речам дека светот е глув и нем на случувањата во Мијанмар. Не слуша, ниту гледа. Овој последен случај од Бангладеш е уште пострашен. Според последните податоци, за жал, убиени се околу три илјади луѓе. Ние секако во врска со овој случај остро го осудуваме овој напад. Ќе продолжиме да следиме што таму се случува", рече Ердоган.