Şafak Yel
29 Август 2017•Ажурирај: 30 Август 2017
ИЗМИР (АА) - Во акција против терористичката организација ДЕАШ во Измир, приведени се шест лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициските екипи за борба против тероризмот во рамките на истрагата на Обвинителството во Измир извршија акции на неколку адреси.
Меѓу приведените се и тројца сириски државјани.
За време на претресот на неколку локации и возила запленета е поголема количина на документи на организацијата и друг материјал.
По лекарскиот преглед, осомничените лица се предадени на надлежните органи.