Cemal Coşkun
05 Август 2017•Ажурирај: 06 Август 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес во Истанбул изјави дека терористичките организации немаат иднина, и како такви немаат што да им понудат младите кои ги врбуваат, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сепаратистичката терористичка организација (ПКК) нема што да им понуди на нашите деца, на младите за во иднина. Видовте како брутално го убија 15-годишниот Јасин. Го фрлија од зграда, а потоа преку него поминаа со возило. Тоа се подли злосторници без почитување кон човекот. Немаат милост, не познаваат такво чувство. Терористичката организација најмногу штета им нанесува на младите, одземајќи ни ги децата, уништувајќи им ги животите. Тоа е причина што за цел ги имаат училиштата, студентските домови, наставниците”, изјави Ердоган.
Според неговите зборови, јасно е дека целта на организациите е дистанцирајќи ги децата од училиштата и џамиите да направат од нив слуги, робови и роботи со извртена идеологија.
Турскиот претседател нагласи дека тоа е така бидејќи знаат дека од џамиите, мезџидите и од проповедите не може да излезат терористи, ниту да произлезе тероризмот.
Ердоган истакна дека терористичките организации ПКК и ФЕТО со иста цел се користени против Турција, но дека народот на крај успевал да ги види нивните намери.
„Тие се обидуваат да предизвикаат етнички, мезхебски или идеолошки поделби меѓу нашиот народ. Видете што се случува во Ирак и во Сирија. Не заборавајте дека слични работи се обидуваат да предизвикаат и кај нас. Ние, ако даде Господ, тоа нема да го дозволиме. Нашиот народ секогаш на крајот успева да ги дешифрира намерите на непријателот. Со каква цел и намер е користен ПКК против Турција, со иста цел е употребена и терористичката организација ФЕТО. Непријателството кон исламот и пролевањето на крвта на муслиманите не можеше да биде предизвикано со ништо, освен преку терористичката организација ДЕАШ“, рече Ердоган.
Тој додаде дека како нација своето долгогодишно постоење ѝ го должат на борбеноста, којашто ја црпат од верата.