Hanife Sevinç
02 Ноември 2016•Ажурирај: 03 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во конгресниот центар Љутфи Кирдар зборуваше на отворањето на Турско-африканскиот економски и бизнис форум, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Турција Ердоган притоа изјави: „Нема да покажеме толеранција кон оние кои се обидуваат да ни држат лекции, а кои паднаа на испитот по основните човекови права како што е последната ситуација во Сирија и прашањето за бегалците“.
Турскиот претседател Ердоган продолжи со зборовите: „Ние одбивме да бидеме колонија. Ние изјавивме дека не сакаме да бидеме граѓани од втор ред. Пред целиот свет изјавивме дека не сакаме да бидеме проколнати на планетава. Африканците исто и како нивните турски браќа, својата независност не ја добија поради доброто однесување и од милост, туку цената ја платија со крв и своите животи, и ја добија со заби и нокти.“
„Во никоj случај нема да дозволиме да се компромитираат нашите победи. Се подразбира дека сме отворени за предлози, за придонес однадвор, за конструктивна критика, дури и за најостри критики. Приморани сме да бидеме отворени, но не можеме да прифатиме некој да ни мавта со прст пред, со израз на лицето како да ни е гувернанта која не школува“, рече претседателот Ердоган.
„Ќе им ги затворите вратите на сите оние кои поттикнуваат судири на Афричкиот континет и на Средниот Исток, на сите кои прават пресметки за придобивките од судирите и кои жртвите од судурите ќе ги натоварат на ваш грб, поради политиката која ја водите… Зарем тоа во моментов не го прави Запад? Зема 10 лица, 50 лица, 100 лица и сметката ви ја припишува вам. Од една страна поради економски интереси сиромаштијата во афричките земји ја претвораат во хронична болест, а од друга страна остануваат неми на бројните загинати африканци, кои бегајќи од сиромаштијата и судирите, умираат во Средоземнотот Море. Потоа фотографијата на Ајлан бебето ќе ја постават на насловните од списанијата и ќе го искористат како алатка за експлоатација...“, рече претседателот Ердоган.
„Африканскиот континент е место каде оваа организација е најраспространета“
Во врска со ФЕТО, претседателот Ердоган го кажа следното: „Неуспешниот обидот за државен удар кој беше изведен на 15 јули, истовремено беше и ена голема терористичка акција. Во тој неуспешен обид, терористичката организација ФЕТО беше причина за смртта на 246 наши граѓани, а во тој терористички чин беа ранети 2.194 лица. Долги години ФЕТО се крие зад образовни, хуманитарни и други легални институции, вршејќи организирање и инфилтрирајќи се во државните институции, како што тоа се случи вечерта на 15 јули, кога милитантите на оваа организација, инфилтрирани во редовите на армијата, изведоа крвав обид за државен удар. Афричкиот континент е едно од местата на кои оваа организација е најраспространета. Потребно е афричките земји да бидат многу внимателни кон оваа организација. Би можеле да кажеме дека утре би било доцна доколку се дозволи да се инфилтрираат во државните институции. Ние ве предупредуваме како браќа, бидејќи ние тоа го преживеавме, внимавајте пред да биде предоцна“, рече турскиот претседател Ердоган.
„Ова сакам да го кажам отворено и јасно. Организација ФЕТО, која користејќи ја верата ја заведува младата генерација и ги претвора во роботи, не е закана само за Турција, туку таа претставува голема закана за сите земји во кои има свои активности“, рече претседателот Ердоган.