Merve Aydoğan
11 Октомври 2018•Ажурирај: 12 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Денес во Службениот весник на Турција е објавен указот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган под наслов „Подготовките за Инвестициската програма за периодот 2019 - 2021“, односно одлуката за новата инвестициска програма, јавува Anadolu Agency (AA).
Во преамбулата претседателот Ердоган истакнува: „Турција ќе имплементира нова економска програма, со цел зачувување на макроекономската стабилност, пораст на производството и благосостојбата.“
Ердоган додава дека приоритетите на Турција се да се сочува стабилноста на цените, да се редуцира инфлацијата, како и понатамошно зајакнување на фискалната дисциплина.
Нагласувајќи дека главната цел на Турција е намалување на јавните расходи и намалување на инфлацијата, турскиот претседател понатаму истакнува дека новите проекти нема да бидат вклучени во Инвестициската програма за 2019 година, освен во задолжителните случаи во рамките на мерките за штедење.