Eşber Ayaydın
11 Октомври 2018•Ажурирај: 12 Октомври 2018
ИЗМИР (АА) - Денес продолжи акцијата за спасување и потрага по 26 непријавени мигранти, кои исчезнаа откако чамец што превезувал илегални мигранти потонал крај брегот на Измир, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на вчерашниот ден пронајдени беа телата на осум лица, а акцијата за спасување продолжи во утринските часови.
Екипите на крајбрежната стража се ангажирани во активностите за потрага во морето, додека жандармериските и полициските екипи трагаат по мигрантите на копно.
На копно се пронајдени шест тела, а во морето две, откако во морскиот простор на Карабурун потона чамец со непријавени мигранти. Спасена е една жена која даде исказ, врз чија основа е покрената истрага по 26 исчезнати лица.