A. Eda Ünlü Özen
22 Мај 2016•Ажурирај: 22 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја прифати оставката која ја поднесе турскиот премиер Ахмет Давутоглу, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Кабинетот на турскиот претседател се наведува дека Ердоган ја прифати оставката која му ја поднесе шефот на Советот на министри на Република Турција, Давутоглу, и дека го задолжил неговата влада да продолжи да ги извршува своите должности до изборот на новиот кабинет.
Средбата помеѓу Ердоган и Давутоглу во Претседателската палата во Анкара траеше половина час, а се одржа без присуство на новинарите.
Денес во Анкара се одржа вториот вонреден Конгрес на АК Партијата на кој актуелниот турски министер за транспорт, поморство и комуникации Јилдирим е избран за нов претседател на партијата.
Бинали Јилдирим досегашниот челник на АК партијата Давутоглу ќе го наследи и на чело на турската влада.