Şerife Çetin
04 Јули 2018•Ажурирај: 04 Јули 2018
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) порачува дека интензивираните напади на силите на сирискиот претседател Башар ал Асад и сојузниците во Дера на јужниот дел на Сирија, претставуваат отворено кршење на меѓународното право и меѓународното хуманитарно право, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Кабинетот на високата комесарка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, соопштено е дека се интензивирани нападите на силите на Асад и сојузниците во Дера.
Потсетуваме дека поради жестоките напади од сирискиот пограничен регион Дера, во соседен Јордан побегнаа најмалку 270.000 лица. Од Кабинетот на високата комесарка укажаа и на тоа дека во нападите загинале и здравствени работници и дека се уништени важни центри, меѓу кои и медицински.
Нападите, како што е наведено, нанеле и штета на политичките преговори. Од ЕУ повикаа на итен прекин на судирите, почитување на Договорот за зоните без судири, како и на тоа дека е потребно да се овозможи непречена достава на хуманитарната помош во Сирија.
Дера, вклучувајќи ја и соседна Кунејтра, е една од четирите зони, кои со посредство на Русија, Турција и Иран, минатата година на мировниот процес во Астана беа прогласени за зони без судири, и за кои беше договорено примирје и создавање хуманитарен коридор.
Нешто подоцна, Русија, САД и Јордан постигнаа посебен договор за воспоставување примирје во тој регион. Соединетите Американски Држави (САД) престанаа да испраќаат помош за тамошните бунтовници, а режимот на Асад, и покрај сите предупредувања, тргна кон освојување на бунтовничката енклава.
Во нападите се убиени најмалку 214 цивили, а ОН претходно имаше соопштено дека во тој регион се загрозени животите на најмалку 750.000 лица.