Anees Suheil Barghouti
04 Јули 2018•Ажурирај: 05 Јули 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската војска сруши бедуинско село во близина на Источен Ерусалим во кое живееле речиси 700 Палестинци, меѓу кои 65 отсто деца, јавува Anadolu Agency (AA).
„Булдожерите во придружба на Израелската војска срушија десет куќи и бараки во бедуинската заедница Аби ал Навар“, изјави за АА, претставник на локалната заедница.
Станува збор за палестинско село сместено меѓу две населби на еврејските доселеници, Маал Адумим и Кадера, а Израелската војска во февруари оваа година сруши и училиште во тоа село.
Со оглед на тоа дека се наоѓа на подрачје на кое Израел планира изградба на голема доселеничка населба, во проектот наречен E1, селото Абу ал Навар веќе неколку години е на удар на израелските сили кои се обидуваат да ги раселат локалните Палестинци.
Обединетите нации изразија загриженост за израелската најава на планот за рушење на уште едно село на палестинските бедуини кај Ерусалим, Кан ал Ахмар Абу ал Хелу.