Fatjon Cuka
19 Октомври 2016•Ажурирај: 19 Октомври 2016
ТИРАНА (АА) - Во текот на операцијата за запленување наркотици извршена во последните часови, албанската полиција заплени 1,3 тони наркотични средства од типот канабис сатива, а во рамките на оваа операција беа уапсени 11 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во официјалното соопштение објавено денеска, од страна на Генералниот директорат на полицијата на Албанија, беа обелоденети детали во врска со оваа операција.
„Инспекторите за наркотици од локалниот Директорат на полицијата во Драч, во соработка со Комесаријатот на полицијата на Круја и силите за специјални операции при Генералниот директорат на полицијата, по добиените оперативни информации, во селото Сервен во Круја идентификуваа две места коишто служеле за сушење на наркотичните средства. Се работи за еден магацин и еден ненаселен објект, каде што биле пронајдени сушени наркотични растенија подготвени за продажба. Биле запленети 1,3 тони канабис сатива, 6 пиштоли, куршуми, автомобили и мобилни телефони“, се вели во официјалното соoпштение на албанската полиција.
Истражните материјали во врска со оваа операција се предадени за понатамошни постапки на Обвинителството во Тирана.
Потсетуваме дека албанската полиција во последниот месец има преземено неколку акции против дрогата, запленувајќи големи количини канабис сатива. Овие операции се извршени во сите делови на државата.