Haydar Hadi
17 Октомври 2016•Ажурирано: 17 Октомври 2016
БАГДАД (АА) - Премиерот на Ирак, Хајдар ел-Ибади најави дека започна операцијата за спасување на Мосул од ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во неговата изјава на државниот телевизиски канал, Ибади рече дека започна операцијата за спасување на Мосул од ДЕАШ и дека во центарот на градот ќе влезат само полициските сили и армијата.
Премиерот на Ирак, Хајдар ел-Ибади во врска со операцијата за спасување на Мосул од ДЕАШ побара народот на Мосул да бидат во солидарност со безбедносните сили.
Во неговата изјава Ибади не зборуваше за силите на Пешмерге поврзани со Регионалната курдска влада во Ирак за кои беше најавено дека ќе учествуваат во операцијата и со сите подготовки се распоредени во фронтовите, гардата Ниневија која се состои од локалните сили на Мосул обучени од страна на Турција и шиитската милициja Хашди Шаби.
До Ибади беа и девет високи офицери меѓу кои беше и Началникот на Генералштабот на земјата Осман Ганими.