ИСТАНБУЛ (АА) - УЕФА го смени системот на натпреварување за пласман на ЕП 2020 во фудбал, така што 55-те репрезентации - членки на УЕФА, ќе се натпреваруваат во четири лиги. Првите натпревари од новиот систем на натпреварување на националните тимови за пласман на ЕП 2020 во фудбал ќе се одиграат од 6 до 8 септември, јавува Anadolu Agency (AA).
Со новиот систем на натпреварување се планира пријателските натпревари што ги играат репрезентациите да се доведат на едно повозбудиво ниво, а во исто време, репрезентациите кои не можат да ги минат квалификациите, да добијат шанса за пласман на Европското првенство.
Генерално, квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020 (ЕУРО 2020) повторно ќе се играат во 10 групи и првопласираните две репрезентации обезбедуваат пласман на Првенството. На ЕУРО 2020 ќе учествуваат 24 репрезентации, а последните четири учесници на ова Првенство ќе ги дадат Лигите на нации на УЕФА. Лигата на нации е втора шанса за учество на ЕУРО 2020 за репрезентациите кои нема да ги минат квалификациите.
Во рамките на организацијата, 55 земји членки на УЕФА се поделени во четири лиги (А, Б, Ц и Д), според поените на земјата. Во лигите А и Б има 12 репрезентации, во лигата Ц 15, а во лигата Д - 16 репрезентации. Со оваа поделба, се планира репрезентациите со сличен квалитет да покажат попрестижни и поубави натпревари.
Од четирите Лиги на нации на УЕФА, дополнително, пласман на Европското фудбалско првенство ќе обезбеди по една репрезентација. Благодарение на оваа нова организација, репрезентациите со мал број поени, како што се Малта, Казахстан и Гибралтар, поставени во групата Д, ќе имаат можност да се пласираат на Европското првенство 2020. Тоа ќе овозможи љубителите на фудбалот, на Шампионатот да ја следат играта на репрезентации од различни земји.
- Организациски сатус на турнирот
Во лигите А и Б, во четири групи од по три тима се поделени 12 репрезентации. Во лигата Ц, една група е составена од 3 репрезентации, додека преостанатите три групи се составени од 4 репрезентации. Лигата Д е поделена на четири групи, составени од по 4 репрезентации. Репрезентациите од иста група во лигата, меѓусебно ќе одиграат натпревари и на домашен и на гостински терен.
Репрезентациите од лигите Б, Ц и Д, кои во своите групи ќе го освојат првото место, во наредните квалификации ќе добијат право да се натпреваруваат во повисоката лига. Репрезентациите кои во своите групи ќе завршат како последно пласирани, ќе преминат во послабата лига.
Репрезентациите од лигата А кои во своите групи ќе ги заземат првите места, за шампион на Националната лига на УЕФА ќе одиграат фајнл-фор од 5 до 9 јуни 2019 година.
Лидерите по групи од Лигите на нации на УЕФА во А, Б, Ц и Д меѓусебно ќе учествуваат во фајнл-фор (полуфинале, натпревар за трето и прво место). Доколку лидерите во лигите избориле пласман за учество на ЕУРО 2020, тогаш второпласираниот од групата во истата лига ќе учествува во фајнл-фор натпреварите. Четирите репрезентации, победници на фајнл-фор средбите ќе се пласираат на ЕУРО 2020.
- Првата средба ќе се одигра во Казахстан
Првата историска средба од Лигата на нации на УЕФА ќе се одигра во Казахстан, најисточниот член на оваа организација.
На стадионот „Астана Арена“ силите ќе ги одмерат Казахстан и Грузија. Средбата започнува во 16:00 часот, а натпреварот ќе го суди Халил Умут Мелер од Турција.
- Македонија во групата Д
Македонската репрезентација, според новиот систем на УЕФА, се наоѓа во лигата Д, заедно со репрезентациите на Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар.
Турција се наоѓа во лигата Б, заедно со репрезентациите на Русија и Шведска.
- Лиги и групи
Поделба по лиги и групи во рамките на новата организација на натпревари на УЕФА:
- Лига А
1. група: Германија, Франција, Холандија
2. група: Белгија, Швајцарија, Исланд
3. група: Португалија, Италија, Полска
4. група: Шпанија, Англија, Хрватска
- Лига Б
1. група: Словачка, Украина, Чешка
2. група: Русија, Шведска, Турција
3. група: Австрија, БиХ, Северна Ирска
4. група: Велс, Република Ирска, Данска
- Лига Ц
1. група: Шкотска, Албанија, Израел
2. група: Унгарија, Грција, Финска, Естонија
3. група: Словенија, Норвешка, Бугарија, Република Кипар - грчки дел
4. група: Романија, Србија, Црна Гора, Литванија
- Лига Д
1. група: Грузија, Летонија, Казахстан, Андора
2. група: Белорусија, Луксембург, Молдавија, Сан Марино
3. група: Азербејџан, Фарски Острови, Малта, Косово
4. група: Македонија, Ерменија, Лихтенштајн, Гибралтар
- Датуми на натпревари
1. недела: 6 - 8 септември
2. недела: 9 - 11 септември
3. недела: 11 - 13 октомври
4. недела: 14 - 16 октомври
5. недела: 15 - 17 ноември
6. недела: 18 - 20 ноември
Извлекување за финалиња: во почетокот на декември 2018 година;
Одигрување на финалиња: 5 - 9 јуни 2019 година;
Извлекување на фајнл-фор за ЕУРО 2020: 22 ноември 2019 година;
Одигрување на фајнл-фор финалиња на ЕУРО 2020: 26 - 31 март 2020 година.