Besar Ademi
09 Јуни 2016•Ажурирај: 10 Јуни 2016
ОХРИД (АА) - На заедничката прес-конференција на македонскиот и чешкиот претседател. Ѓорге Иванов и Милош Земан, двајцата претседатели изјавија дека Македонија се справи со бегалската криза Македонија како ниту една друга земја од „Балканската рута" и дека земјата ги брани границите на Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Иванов истакна дека од хуманитарен аспект Република Македонија се справи најдобро со бегалската криза, но во однос на планот за безбедност според него потребна е подлабока соработка меѓу земјите кои се најмногу погодени од бегалската кризата.
„Од почетокот на бегалската криза јас имам наведено дека треба да се разликуваат хуманитарниот и безбедносниот аспект на бегалската криза. Во хуманитарен аспект, Македонија се справи како ниту една друга земја од Балканската рута, на сите бегалци од Блискиот Исток да им се обезбеди храна, облека и медицинска помош. Сепак, моите критики беа во однос на безбедноста и јас верувам дека критиките на претседателот Земан, бидејќи овие земји не соработуваат во планот на безбедноста" , рече Иванов.
Иванов додаде дека недостатокот на соработка на земјите од Балканската рута во областа на безбедност се користи од страна на одредени луѓе, кои поминуваа низ овие земји, користејќи го бранот на бегалци, така поминувајќи во европските земји.
Од другата страна, претседателот Земан, истакнувајќи дека Чешката Република во минатото и помогна на Македонија да се справи со бегалската криза, додаде дека во иднина, не само во однос на бегалската криза, туку дека Македонија ќе биде поддржана и во патот за членство во ЕУ и НАТО.
„Сакам да ја искажам мојата почит и признание за македонскиот народ кој на грчката граница се соочува со бегалската криза. Со заштитата на границата со Грција, Македонија не се заштити само себе си, туку ја штити целата Европа. Затоа ја изразувам целосната моја поддршка на Македонија за членство во Европската унија и НАТО, бидејќи многу припадници на овие две организации не беа успешни како Македонија во справувањето со бегалска криза", рече Земан.
Претседателите на двете земји, исто така, ја коментираа актуелната политичката криза во Македонија. Според Иванов стагнација на преговорите за членство на земјата во ЕУ и НАТО доволно влијае во политичка криза, а според претседателот Земан членство на земјата во ЕУ и НАТО не е решение за вакви кризи.
„Од 2010 година на секои две години Македонија се соочува со политичка криза. Политичките кризи се израз на фрустрацијата на нашиот народ, политичарите и граѓанитте од статус-кво состојба на земјата кон европската интеграција. Сите земји од регионот се движат кон интеграција во НАТО и преговори за членство во Европската унија, но Македонија дури и не доби датум за почеток на преговорите, ниту примо повик за почеток на преговори. Дури и ако се реши политичката криза, ако нема промени на статус-кво ситуацијата, во иднина повторно ќе се соочиме со слична ситуација", рече Иванов.
„Не сакам да се мешам во внатрешната политика на другите земји. Мислам дека членството на Македонија во Европската унија и во НАТО не значи дека политичката криза ќе биде подалеку, но не сакам да кажам дека со нејзиното членство овие проблеми ќе се зголемат. Сепак, Чешка ќе продолжи да и помага на оваа земја за решавање на овие прашања", рече Земан.