Hasan Tosun
27 Декември 2015•Ажурирај: 27 Декември 2015
ПРАГА (АА) - Претседателот на Чешка, Милош Земан во својата честитка по повод божиќните празници, актуелната политичка криза во Европа ја нарече "организирана инвазија" и ги критикуваше политичките раководства поради тоа што, смета тој, на овој проблем не му приоѓаат доволно сериозно, јавува Anadolu Agency (AA) .
Земан бранот на бегалци го нарекува како "црна дупка" во надворешната политика на Република Чешка. Во својата порака тој тврди дека станува збор за "организирана офанзива. Напоменувајќи дека овој феномен него го потсетува тројанските коњи, во својата порака додаде:
''Убеден сум дека ние се соочуваме со една организирана офанзива. Ова не е спонтан бран на барателите на азил".
Претседателот Земан не се двоумеше да ги критикува организираните протести во знак на поддршка на барателите за азил, кои излегоа на улиците на Прага на 17-ти ноември со транспаренти на кои пишуваше "Добредојдовте бегалци". Тој им порача на чешките граѓани дека Чешка им припаѓа на нив и не може да биде сечија.
Од другата страна, чешкиот премиер Бохуслав Соботка реагираше на изјавите на претседателот Земан велејќи дека тој се раководи со предрасуди и дека секогш ја бира линијата на помал отпор.