Sinan Uslu
14 Септември 2017•Ажурирај: 15 Септември 2017
АНКАРА - Портпаролот на кабинетот на претседателот на Реублика Турција, Ибрахим Калин, денес во Анкара изјави дека Турција ги повикува одговорните итно да се откажат од најавениот референдум во Курдската регионална управа во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашиот апел е да се отстапи од намерата за референдум и, во согласност со заштитата на интегритетот на Ирак, страните во Багдад и во Ербил да преземат чекори за надминување на проблемот“, рече Калин.