Hamdi Yıldız
17 Декември 2018•Ажурирај: 18 Декември 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Законодавната комисија при Советот на министри на Израел го одобри нацрт-законот кој овозможува присилно протерување од домовите на семејствата на Палестинците кои вршат вооружени активности во Западниот Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на весникот „Едиот ахронот“ (Yedioth Ahronoth“), одобрен е нацрт-законот кој овозможува изгонување на семејствата на Палестинците што вршат убиство врз израелски државјани, од нивните домови во некое друго место на Западниот Брег.
Според овој нацрт-закон, поднесен од страна на Моти Јогев, пратеник на екстремно десничарската партија „Еврејска куќа“, во рок од 7 дена ќе бидат протерани од своите домови во Западниот Брег, и ќе бидат сместени во друго место на Западнио Брег, најблиските роднини на лице кое извршува операција што предизвикува смрт на Евреин.
За да стапи во сила нацрт-законот, по одобрението на израелската Влада потребно е да биде изгласан и во Парламентот.
Како што се истакнува во веста, Авичај Манделблит, владин судски советник, се спротивставува на овој закон, истакнувајќи дека тој е противзаконски. Манделблит претходно до Законодавната комисија на Владата го поднесе извештајот во кој наведува дека овој нацрт-закон е против меѓународните права.
Манделблит вели дека за да биде протерано едно семејство од својот дом, потребно е тоа семејство да има директна врска со кривичното дело.