Qays Abu Samra, Meryem Kasım
21 Ноември 2015•Ажурирај: 22 Ноември 2015
ХЕБРОН (АА) – Израелската војска одлучи да ја затвори локалната палестинска радио-станица од Хеброн поради тоа што преку своите содржини „поттикнувала на продолжување на востанието“, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што велат очевидци, израелската војска во утринските часови извршила напад на радио-станицата.
Запленета е опремата и сопрено е објавувањето на содржини.
Пред две седмици израелската војска затвори уште една радио-станица во Хеброн поради „пропагирање насилство“.