Ayşe Hümeyra Atılgan
08 Декември 2017•Ажурирај: 08 Декември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската војска вечерва со авиони и тенкови изврши напад на Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Израeлската војска соопшти дека извршиле напад на две мети, за кои кажаа дека се работи за „терористички организации“.
Во соопштението се наведува дека нападите следувале како одговор на три ракетни напади од подрачјето на Газа претходно во текот на денот.
Во израелските напади на Појасот Газа, според последните информации, немало човечки жртви.
Нападите се случија кратко по одлуката на американскиот претседател да го признае Ерусалим како главен град на Израел.
Трамп на синоќешната прес-конференција соопшти дека е време Ерусалим официјално да биде признаен како главен град на Израел. Американскиот претседател во таа пригода кажа дека веќе ѝ дал инструкции на американската администрација да започне со подготовките за преместување на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.