Kemal Zorlak
07 Јули 2016•Ажурирај: 08 Јули 2016
ГАЗА (АА) - Откако бродот „Лејди Лејла” со хуманитарна помош за населението на Гаод пред четири дена стигна во израелското пристаниште Ашдод, денес камионите со првиот дел на хуманитарната помош влегоа во Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Бродот „Лејди Лејла” на 3-ти јули во пристаништето Ашдод увезе 11.000 тони хуманитарна помош за Газа, а бродот кон Ашдод исплови од меѓународното пристаниште во Мерсин, Турција.
Камионите со првиот дел од хуманитарната помош влегоа денес во Газа преку граничниот премин Керем Шалом, која потоа ќе биде поделена на населението на Газа.
Со бродот донесена е помош во вредност од 8,5 милиони долари, со 13.557 пакети на храна, 5.000 тони брашно, 3.000 тони шеќер, 2.000 тони ориз и 500 тони сончогледово масло, поголема количина облека, чевли, над 10.000 играчки како и производи наменети за деца.
Координација на доставата на хуманитарната помош во Газа ја врши Турската црвена полумесечина.
Делегациите на Турција и Израел во Рим, во рамките на преговорите за нормализација на односите, постигнаа договор и го парафираа истиот. Набрзо ќе бидат воспоставени и службени односи а ќе биде извршено и именување на амбасадори од двете страни.
Односите помеѓу Турција и Израел беа прекинати по израелскиот напад на хуманитарниот брод „Мави Мармара” на 31-ви мај 2010 година.