Esat Fırat
14 Декември 2018•Ажурирај: 16 Декември 2018
ГАЗА (AA) - За време на интервенцијата на израелските војници на мирните протести на источната граница на Појасот Газа, ранет е фоторепортерот на Anadolu Agency (AA) Мустафа Хасона.
Хасона, кој ги следеше протестите „Големиот марш за враќање", кои се одржуваат секој петок, ранет е во десното стапало откако го погодила гасна бомба.
Откако му е укажана прва помош на местото на настанот, фоторепортерот е префрлен во болница.
Според последните информации на лекарите, неговата состојба е стабилна.
Потсетуваме, Палестинците од 30 март долж границата на Појасот Газа и Изрел организираат протести „Големиот марш за враќање".
Израелските војници против цивилното население кое бара да се врати на територијата од кое е протерано и отстранувањ на блокадата на Газа, која трае од 2008 година, одговоара со оган.
Во израелските напади во текот на демонстрациите убиени се повеќе од 220, а ранети се илјадници Палестинци.