Zülfiya Yakup
13 Март 2017•Ажурирај: 13 Март 2017
ПРИШТИНА (АА) - Адвокатот и политички аналитичар, Азем Власи, утрово во Приштина е ранет со огнено оружје, но е надвор од животна опасност, пренесува Anadolu Agency (AA).
Косовската полиција во пишано соопштение потврди дека утрово околу осум часот добила информација дека во улицата „Хајдар Души“ во Приштина имало истрели од огнено оружје, и дека единиците на полицијата веднаш излегле на местото на настанот со цел да извршат увид.
Полицијата притоа констатирала дека се работи за обид за убиство, и дека ранетото лице со огнено оружје е маж со иницијали А.В (68), државјанин на Република Косово, кој е веднаш префрлен во косовскиот Универзитетски клинички центар.
Во соопштението, полицијата наведува дека со зголемен интензитет презела низа истражни дејствија за расветлување и разјаснување на околностите во врска со овој случај.
Од Ургентната клиника на Универзитескиот клинички центар е соопштено дека ова утро, малку по осум часот, е примен пациент ранет во рамото од огнено оружје кому веднаш му е укажана лекарска помош. Тој е надвор од животна опасност.