Sevil Çelik
31 Март 2018•Ажурирај: 01 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул се осврна на антитерористичката акција на Разузнавачката служба на Турција (МИТ) на Косово, во рамките на која истакнати имињата на терористичката организација ФЕТО се префрлени во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган денес во Истанбул зборуваше на конгресот на Партијата за правда и развој (АК Партија), а во таа прилика изрази задоволство поради успешно извршената акција и истакна:
„Нашата Национална разузнавачка служба со една операција во Косово, ги собра и донесе 6 највисоки претставници на ФЕТО на Балканот. Но, тажен сум. Премиерот на Косово ги отстрани од функција челникот на разузнавачката служба и министерот за внатрешни работи. Јас сега прашувам. Премиеру на Косово, со чија инструкција направи ваков чекор? Од кога почна да ги браниш тие лица кои се обидоа да извршат државен удар во Република Турција?“
„Турција го прифати Косово како братска земја. Како ти можеш покрај себе да ги храниш оние (ФЕТО) кои се обидоа да извршат удар на Турција, ти за тоа ќе полагаш сметка. Пред моите браќа Косовари, оние кои ги познавам, ќе полагаш сметка за тоа, јас тоа го знам“, порача Ердоган.
По акцијата против шестте државјани на Турција, припадници на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ на Косово, косовскиот премиер Рамуш Харадинај побара итна смена на министерот за внатрешни работи на Косово, Фламур Сефај и директорот на Косовската разузнавачка служба, Дритон Гаши.