Ramazan Ercan
31 Март 2018•Ажурирај: 01 Април 2018
ИЗМИР (АА) - Турскиот премиер Бинали Јилдирим денес во Измир изјави дека во 2017 година Турција била земја со највисок економски раст во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим престојуваше во турскиот град Измир, каде во својот говор се осврна на турската економија. „Ние сме земја со највисок раст на светот, тоа сакам да го нагласам. Турција е земја која имаше најголем економски раст во 2017 година. Го рушиме сопствениот рекорд“, порача Јилдирим.
Тој нагласи дека Турција со политиката која се спроведува со сигурни чекори, приватниот сектор, јавниот сектор, ќе продолжи со оддржлив раст.
Во последниот извештај на Заводот за статистика на Република Турција (TUIK) е наведено дека турската економија во последниот квартал на минатата година остварила раст од 7,3 отсто, а дека вкупниот годишен раст за 2017 година бил 7,4 отсто.