Özüm Yalkın
31 Март 2016•Ажурирај: 02 Април 2016
ЊУ ДЕЛХИ (АА) – Најмалку десет лица загинаа при рушење на мост во изградба на фреквентна улица во Индија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на новинската агенција АНИ, до рушење на мостот дошло во градот Калкута во североисточниот дел на земјата.
Загинаа 10 лица, а околу 150 се наоѓаат под рушевините.
Во тек се акциите на потрага и спасување на затрупаните лица а постои загриженост дека бројот на жртвите би можел да порасне. Уништени се и голем број на возила.