Tonguçnaz Seleme Baştürk
18 Јануари 2016•Ажурирај: 18 Јануари 2016
ЏАКАРТА (АА) - Најмалку едно лице загина а 22 се повредени во земјотрес со јачина од 5,4 степени по Рихтреровата скала кој синоќа го погоди индонезискиот остров Малуку, јавува Anadolu Agency (AA).
"Последиците на земјотресот се едно мртво лице, 19 полесно и три потешко повредени лица во градот Буру", изјави портпаролот на Цивилната заштита, Сутопо Пурво Нугрохо.
Индонезиската новинска агенција "Antara" јавува дека во земјотресот значително е оштетена џамија и уште 230 куќи во градот Буту од кој се евакуирани неколку стотици жители.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 66 километри југозападно од островот Буру, а потресот траел две секунди.
Нугрохо утринава изјави дека спасувачките екипи на Цивилната заштита се на терен, но дека потешкотија во работата им создаваат силните бранови, невремето и непристапноста на теренот.
Мухамед Манакату е жител на селото Улима кој тврди дека во земјотресот во потполност е уништена неговата семејна куќа. Додава дека многу семејства го напуштиле селото и подигнале импровизирани шатори во коишто живеат додека не го обноват разореното село.
Регионот на островот Малуку во Индонезија во изминатите два месеца е место на чести земјотреси. Метеоролшките и сеизмолошки станици во последните два месеца од минатата година регистрираа дури 1.171 затреперувања на тлото, поради што се евакуирани над 10.000 луѓе.
Индонезија се наоѓа во вжарениот пацифички "Огнен прстен" кој се каратеризира со тектонски пореметубвања кои предизвикуваат бројни земјотреси и вулканска активност.