Tonguçnaz Seleme Baştürk
18 Јануари 2016•Ажурирај: 18 Јануари 2016
СЕУЛ (АА) - Јужнокорејските власти тврдат дека Северна Кореја секојдневно фрла пропагандни летоци на јужнокорејска територија насочени против Сеул, пренесува Anadolu Agency (АА).
Портпаролот на Министерството за одбрана на Јужна Кореја, Ким Мин Сеок, изјави дека еден милион летоци биле фрлени на територијата на Јужна Кореја, а некои од нив стигнале дури и до Сеул.
Тензиите меѓу двете земји се зголемија откако официјален Пјонгјанг на 6 јануари потврди дека извел тестирање на хидрогенска бомба.
Официјален Сеул, за возврат, пак, започна кампања за емитување пораки преку звучниците на границата меѓу двете земји.
Северна Кореја, потоа, како што се наведува на јужнокорејска територија фрлила пропаганден "анти-јужнокорејски" материјал.
Јавноста во моментов е во очекување на нова резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), кој наводно ќе ја санкционира Северна Кореја за неисполнетите барања за денуклеаризација.