АНКАРА (АА) - Талал Сило, кој избега од регионот откако извесно време ја вршеше функцијата портпарол на Демократските сили на Сирија (СДГ), параван на терористичката организација ПЈД/ПКК која делува во Сирија, привлече внимание кон проектот на организацијата за излез на Медитеранот. Сило пренесе дека американски раководител на разунавачката служба препорачал дека треба да обезбедат копнен пристап до Медитеранот за да бидат „постојани“.
ПКК/ПЈД окупира повеќе од една четвртина од територијата на Сирија. Стратегијата на ширењето на организацијата се развива за да се унапреди зоната на доминација која почнува на ирачката граница на истокот од земјата, кон западот преку граничната линија на Турција.
Во иднина, можноста за воспоставување директен контакт со надворешниот свет и добивање поддршка зависи од отварањето на коридор за излез на Медитеранот преку копно. Како одговор на предупредувањата на Турција за целите на организацијата, американската влада тврди дека настаните претставуваат борба против ДЕАШ.
Сило, кој пред напуштањето на Сирија развил блиски односи со управителите на ЈПГ, позната како вооружениот огранок на ПЈД/ПКК, сведочи за активностите на организацијата која го користи името СДГ низ целата земја.
Сило повеќепати учествуваше на средбите реализирани со САД, кои се најголем поддржувач на ПЈД/ПКК.
Поранешниот член на СДГ, Сило, за Аnadolu Аgency (AA) одговараше на прашањата во однос на гледната точка на САД за проектот за излез на Медитеранот, за тоа како организацијата ги заштитила магацините за оружје против Турција, за ситуацијата во Африн и за трговијата со нафта.
ПРАШАЊЕ: Во последниот период, борбата, како и меѓународната конкуренција се интензивирани во Деир ез-Зор на ирачката граница. Што се случи зад сцената?
ОДГОВОР: На 9 септември ја започнавме операцијата (со името СДГ против ДАЕШ). Јас лично го направив соопштението. Целта беше заземање на останатиот дел на подрачјето Ел-Џезире во Сирија и северниот дел на реката Еуфрат. Ниту ние, ниту ЈПГ немавме можност да започнеме операција против ДЕАШ. Оваа операција беше направена на барање на САД. Прашањето сигурно не беше во врска со нафтата. Целта беше овие сили да пристигаат во подрачјата Букемал и Мејадин во име на СДГ пред режимот. На овој начин меѓу Сирија и Ирак ќе се формираше една барикада. САД се обидоа да помогнат но беа неуспешни. На почетокот се соочивме со вознемирувањето на Русите. Голем број лица загинаа во нападите на Русите и режимот. САД и СДГ војуваа на иста страна. Режимот беше далеку. Но кога САД забележа дека режимот брзо стигнал до тие региони, го мобилизираше СДГ. Побара од (одговорниот на ЈПГ за регионот) Шахин Џило да ја изврши оваа работа. Постои нешто што повеќето не го знаат. Голем број од заземените точки им беа оставани на Русите. Дури и објектот за гас Коноко како и нафтените полиња, им беа оставани на Русите. Режимот и Русите не напредуваа понатаму по завршувањето на овие преноси.
ПРАШАЊЕ: Како ПКК оперира со нафтата во Деир ез-Зор и Хасека?
ОДГОВОР: ЈПГ и ПКК по заземањето на нафтените извори во Румејлан во 2012 година ја злоупотребија работата. Претходно нафтата ја извезуваа преку регионите на ДЕАШ. Одговорниот за монетарни прашања во Џезире од редовите на ПКК, Али Шејр, живее во Камишли. Има директни контакти со водачите на ПКК. Тој е лицето надлежно за постигнување договори поврзани со нафтата. Само тој ги знае приходите од нафтата. Ова е тајната на ПКК. Али Шејр од 2012 година нафтата ја продава надвор. Претходно, продажбите се овозможуваа преку регионите на ДЕАШ. Офицерот на сирискиот режим, Ел Катирџи, е генералниот одговорен кој зема нафта од ПКК. Дури кажаа дека ниту Шахин Џило не може да интервенира во тоа. Прашањето за нафтата беше тајна на организацијата. Поставувајќи прашања стигнав до одредени информации. Парите од продадената нафта се чуваа во банкарските сметки на лицата блиски со нив во либанските банки. Потоа парите се трансферираа во Европа. Сите имиња се од ПКК. Прашањето е многу големо. Секој ден се транспортираа стотици танкери нафта.
ПРАШАЊЕ: Се зборува за еден проект на доминантен коридор преку кој ПЈД/ПКК ќе излезе од северот на Сирија на Медитеранот. Дали сте имале можност да го дознаете ставот на американските власти за време на посетите и средбите?
ОДГОВОР: Беше едно ветување, не проект. Се сретнавме со еден Американец за кого се велеше дека доаѓа од истражниот центар. Ова средба ја бараа тие. Имаше голем број на телохранители. Потоа се откри дека е еден управител на разузнавачката служба на САД. Нам ни рече: „Ако се насочите кон Деир ез Зор, и САД ќе ја дадат потребна поддршка за прашањето за обезбедување директна точка кон морето за СДГ и за Демократското собрание на Сирија“. За ова беше дадено ветување. Но, во меѓувреме операцијата за заземање на Деир ез-Зор стана неуспешна. Главното прашање не е заземањето на селата или нафтените полиња. На Шахин Џило и СДГ им беше ветен (излез на Медитеранот). И јас бев присутен таму. Ако оваа операција (за Деир ез-Зор) резултираше со успех, ако постигнавме победа, можеби САД ќе се трудеа да отворат коридор кон морето за СДГ. (Американскиот управител на разузнавачната служба) рече дека „ако ваква структура нема пристап до морето, невозможно е да има една иднина“. Како што рече, пример е прашањето на Курдистан и Ербил. Курдистан нема точка која излегува на море и затоа е во ситуација секогаш да ги убеди другите страни. Инаку од каде ќе ја извезува нафтата? Задолжително е да има една точка, како порта. Американската страна даде ветување за ова прашање. Но, потоа мислам дека ништо не се случи според планираното. Во наредните денови ќе видиме што ќе се случи.
ПРАШАЊЕ: Турската војска на 25 април ги погоди целите на ЈПГ во подрачјето Карачок. Каков вид на елементи имаше ЈПГ во Карачок?
ОДГОВОР: Карачок е главната база на ЈПГ каде што се наоѓаат складиштата за оружја и муниција, како и сефовите за пари. Бахоз Ердал и Шахин Џило живееја таму. Во истовреме беше место каде се одржуваа идеолошки обуки за водачите на ПКК. И членовите на ЈПГ добиваа воена обука. Јас двапати отидов таму. Еднаш се сретнав со Пахин Џило и зедов автомобил од него. Исто така во Карачок беше и архивскиот и медиумскиот центар на ЈПГ. Сите тие кои се наоѓаа таму беа тимот лидери. Налин од Турција беше одговорна за жените. Не знаеше арапски, додека Н. Шевин беше Куртка од Турција. Таа многу малку знаеше арапски. Беа и Рустем (одговорен за групите на ЈПГ) и Герзан одговорен за Хасека.
На Шахин Џило му кажав дека сум зачуден со толкав голем број на загинати. И тој ми рече „Турција ја прекрши безбедноста во Карачок. Меѓу водачите се наоѓаа и тие кои ќе бидат избрани за нови функции. Рустем ќе одеше во Турција и ќе работеше таму. Турските разузнавачки сили го знаеја тоа. Додека ние останувавме надвор поради тоа што сѐ уште не пристигна пораката од САД дека нема да бидеме цел“.
ПРАШАЊЕ: Што се случи кога американскиот командант дојде на погоденото место?
ОДГОВОР: Вториот ден таму дојде еден обичен американски командант. На овој начин и Шахин Џило за првпат излезе во медиумите. Објаснија како се случи нападот. На американскиот командант му објаснија дека таму не се наоѓале водачите на ПКК, туку милитантите со цивилите. Командантот не го ни осуди тоа. По околу пет дена Џило ни објасни дека САД разговарале со Турција и дека нема да се случи ниту еден напад.
ПРАШАЊЕ: Како ЈПГ го реши проблемот со складиштата за оружје?
ОДГОВОР: Тешкото оружје и муниција му беа предадени на Хемин. Тој го оставаше во складиштата. Турција не ги зеде како цел овие складишта кои ги заштитуваа Американците. Големи количини оружје и муниција се оставаа на местата (базите) на Американците со цел да не бидат мета на Турција.
ПРАШАЊЕ: Како ПКК обезбедува контакт со источните региони кои немаат контакт со Африн? Зарем ова исклучување не ја вознемирува организацијата?
ОДГОВОР: Откако сирискиот режим го зазеде Алепо се воспостави еден директен пат. Ова е еден паралелен коридор (од југот) со регионот на операцијата Штитот на Еуфрат. Патот откако излегува од Африн (поминува низ регионот на режимот) и надвор од Алепо се движи кон Мунбич. И потоа од Мунбич (на истокот на Еуфрат) се движи кон Џезире. За користење на оваа дестинација потребно е одобрение од режимот или од руската страна. Или понекогаш од Иран.
ПРАШАЊЕ: Дали ставот на САД кој го заштитува ЈПГ, важи и за Африн?
ОДГОВОР: САД не даде никаква гаранција за Африн. Дури и прашав на состанокот со Мекгурк. Во тој период немаше начин за комуникација со Африн (источните региони). Него го прашав во врска со поддршката за Африн, ми рече дека американската влада нема да може да даде поддршка за Африн. Ова беше на нашата прва средба. Ми рече: „Ако Африн посакува друга поддршка да најдам друг поддржувач“, јас му реков „можеби може да биде руската страна“, додека тој ми одговори „и тоа не е пречка за нас“.
Потоа мене ме повика на телефон Хусеин Асад, братучедот на Башар ал-Асад. Ми побара да формирам линија меѓу СДГ и руската страна која се наоѓа во базата Химејмин. Ова му го кажав на Шахин Џило. Тој рече дека оваа линија ќе ги вознемири САД. Но (таканаречениот генерален комутан на ЈПГ), Сипан Хамо, побара да котнактира со Русите. Јас оваа ситуација му ја пренесов на Хусеин Асад. Потоа се отвори каналот на комуникација со руската страна. За голем број прашања се засолнуваа кон Русија.
ПРАШАЊЕ: Колку ја вознемирува ПКК интервенцијата на Турција во Африн?
ОДГОВОР: Ако турските сили интервенираат (во Африн) многу брзо можат градот да го земат под контрола. Всушност, ситуацијата во Африн не е така како што ја претставува организацијата. Тие имаат голем страв од тоа. Прашањето не беше само во врска со Африн. Прекинувањето на северниот периферичен дел од страна на турските сили, ќе значеше неуспехот на сите проекти (за излез на Медитеранот), бидејќи Африн го сметаа како срцето на проектот. Интервенцијата на Турција ќе биде крајот на соништата со кои тргуваа. Во случај на интервенција на турските сили, го посакуваа присуството на Русија.
Сирискиот режим побара да се постави знамето на Сирија во случај на одреден контакт со Турците во Африн. Но режимот го постави условот за да му се предадат точките каде што ќе се постави знамето на режимот. Кандил го одби ова барање. Но, конечно граничните елементи стравуваат. Веруваа дека САД ќе врши притисок врз Турција за да не го заземе Африн. Но САД досега не одговорија. САД на почетокот рекоа дека ќе понудат поддршка за ослободените региони, но од почетокот истакнаа дека нема да дадат поддршка за Африн.
news_share_descriptionsubscription_contact
