Ekip
02 Декември 2017•Ажурирај: 03 Декември 2017
МОГАДИШУ (АА) - Конечниот број на мртви во бомбашкиот напад во Могадишу во октомври се искачи на 512 лица, објави Комисијата за разгледување на најкрвавиот напад во историјата на Сомалија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на комитетот се вели дека во нападот во главниот град на Сомалија 312 лица биле повредени, а дека 62 се водат за исчезнати.
Сомалиската владата за нападот, кој се случи на 14 октомври на преполна улица, ја обвини екстремистичката група ал Шабаб поврзана со Ал Каеда.
Бомбашкиот напад ги вознемири Сомајлиците, а подоцна илјадници лица излегоа на протести против екстремистичките групи, додека претседателот на државата најави нова воена офанзива.
Ал Шбаб често ги напаѓа споменатите подрачја на Могадишу. Екстрмистичката група оваа година беше мета на триесетина напади со беспилотно летало на американската војска, откако администрацијата на Доналд Трамп го одобро проширувањето на операцијата против неа.