Haydar Hadi
16 Октомври 2017•Ажурирај: 16 Октомври 2017
БАГДАД (АА) - Ирачките безбедносни сили презедоа контрола над воената база К1 во Киркук, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ирачките сили за борбата против тероризмот презедоа контрола во воената база во Киркук и извршија распоредување на воените задачи во базата“, соопштено е од Министерството за одбрана на Ирак.
Базата К1 се наоѓа во јужниот дел на Киркук и под контрола на курдските пешмерги беше од 2014 година.
Ирачките сили утринава покренаа операција за преземање контрола над таа база и над нафтените комплекси во Киркук.
Претходно, ирачките сили презедоа контрола над резервите со природен гас во северен Ирак, како и над полициската станица и Канцеларијата за електростопанство во тој град.
Киркук е град со нерешен административен статус уште од американската инвазија на Ирак, а стана средиште на нова безбедносна и политичка криза откако Регионалната курдска управа во северен Ирак на 25 септември одржа нелегитимен референдум.
Оттогаш владејат големи тензии меѓу проирачките сили Хашд Шаби и курдските сили пешмерги, а со договор на двете страни пешмергите синоќа се повлекоа од јужниот фронт во Киркук.