Nilay Kar
18 Јануари 2016•Ажурирај: 19 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Големите врнежи од снег и лошите временски услови го нарушија воздушниот и морскиот сообраќај во Истанбул и придонесоа за затворање на училиштата, јавува Anadolu Agency (AA).
"Turkish Airlines" објави дека 399 домашни и меѓународни летови се откажани од аеродромите "Ataturk" и "Sabiha Gokcen" во наредните два дена, поради лошите временски услови.
"Pegasus Airlines" откажа над 100 летови за денес и утре, додека "Onur Air" откажа десет денешни летови.
Фериботовите и меѓуградскиот автобуски но и морски сообраќај се исто така погодени од лошите услови. Истанбулскиот фери-сообраќај и компанијата за поморски превоз ги откажаа меѓуградските превозни линии сè до четврток.
Канцеларијата на гувернерот на покраината објави затворање на училиштата и ги советуваше граѓаните да го користат јавниот транспорт наместо сопствените возила.
Според Турската управа за меторолошки работи, снегот се очекува да продолжи да паѓа сè до утревечер.