Murat Paksoy,Muhammed Enes Can,Murat Kaya
31 Јануари 2018•Ажурирај: 31 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Кривичниот суд во Истанбул ги осуди тројцата обвинети во случајот за самоубиственот терористички напад во истанбулскиот кварт Султанахмет од јануари 2016 година, на доживотно и по 329 години затвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Кривичниот суд во Истанбул денеска ги изрече пресудите во случајот на бомбашки напад истанбулскиот кварт Султанахмет во кој загинаа најмалку 12 лица, најголем дел од нив државјани на Германија, а беа повредени 16 луѓе. Во судскиот процес се вклучени вкупно 26 обвинети, државјани на Сирија и Ирак.
На денешното рочиште присуствуваа четворица обвинети Хасан ал Мајуф, Февзи Мухамед Али, Халил Дервиш и Абдулрахман Фаиз Рашит.
Судскиот совет Абдулрахман Фаиз Рашит го осуди на шест години и три месеци затвор за стореното кривично дело „членување во терористичка организација".
Со оглед на тоа дека периодот што го поминал во затвор бил земен предвид, судот го пуштил на слобода со забрана за напуштање на земјата.
Другите тројца обвинети Хасанал-Мајуф, Фавзи Мухамед Али и Халил Дервиш судот ги прогласи за виновни за „кршење на Уставот на Република Турција", а за тоа им се изречени доживотни затворски казни.
Исто така, тројцата обвинети беа прогласени за виновни за кривично дело помагање во убиството на 12 лица, како и учество во обид за убиство на 16 луѓе, поради што им е изречено уште по 329 години затвор.
Кога се во прашање и другите 24 обвинети во овој случај, за четворица од нив, со оглед на тоа што уште се во бегство и не се сослушани, судот донесе одлука да им суди одделно, односно обвиненијата да се разделат.
Останатите 18 поради недостаток на докази се обвинети за вмешаност во нападот и се пуштени на слобода.
Во истанбулскиот кварт Султанахмет од јануари 2016 година дојде до самоубиствен терористички напад, во кој загинаа претежно германски туристи.
Турските функционери истиот ден, потврдија дека терористичкиот напад го изврши сириски државјанин, роден 1988 година, поврзан со терористите ДЕАШ.