свет

Источна Гута: Бројот на загинатите цивили зголемен на 61

Бројот на загинатите во нападот на силите на Асад и неговите сојузници врз пазар во Источна Гута се зголеми на 61 лице

Mohamad Misto  | 16.03.2018 - Обновена : 17.03.2018
Источна Гута: Бројот на загинатите цивили зголемен на 61

Ankara

АНКАРА (АА) - Бројот на загинатите во нападот на силите на Асад и неговите сојузници врз пазар во Источна Гута се зголеми на 61 лице, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информациите добиени од претставниците на Цивилната одбрана (Белите шлемови) во Источна Гута, силите на режимот и поддржувачот Русија продолжуваат да ја напаѓаат Источна Гута и покрај одлуката за прекин на огнот на Советот за безбедност на ОН.

Воените авиони на режимот и неговите приврзаници бомбардираа пазар кој се наоѓа на главниот пат во областа Кефер Батна, Источна Гута. Стотици цивили беа повредени, додека 61 цивил загина во нападот врз преполн пазар, каде што луѓето се обидуваа да избегаат во внатрешните делови на Источна Гута.

Тимовите на цивилната одбрана изјавија дека труповите не можеле да се отстранат поради непрекинато бомбардирање и дека не можело да се стигне и до ранетите лица.

Советот за безбедност на ОН, со усвојување на Резолуцијата на 24 февруари, побара да се прогласи хуманитарно примирје за цивилите низ Сирија, пред сè, во Источна Гута. Но не беше дефинирано како ќе биде спроведено барањето за спроведување итен прекин на огнот. Русија, по одлуката на СБОН, на 27 февруари соопшти дека во периодот од 9:00 до 14:00 часот, секојдневно воведува хуманитарен прекин на огнот, тврдејќи дека режимот ќе ја почитува оваа одлука.

Најмалку 400 илјади луѓе во Источна Гута, под контрола на опозицијата, живеат под блокада веќе 5 години. Кризата во регионот секојдневно се продлабочува, а илјадници болни цивили чекаат да бидат евакуирани. Поголем дел од нив се деца или болни од рак во напредна фаза. Голем број деца во Источна Гута починаа поради глад и недостаток на лекови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın