Meryem Göktaş,Seyit Ahmet Aytaç
16 Март 2018•Ажурирај: 17 Март 2018
АФРИН/ИСТАНБУЛ (АА) - Турската војска и Слободната сириска армија (ФСА) денес ослободија уште девет села и три стратешки брда во Африн, кој се наоѓа под контрола на терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според новинарите на АА од терен, денес за време на тековната операција Маслинова гранка, во северозападното подрачје Рајо од терористите биле ослободиле селата Миске Фавкани, Миске Тахтани, Шејх Билал, Курдане, Ќучук Мејдан и Колије Јерин, додека во подрачјето Мабатил ги ослободиле и селата Кокана и Даркир.
Три стратешки брда беа исто така расчистени од терористите.
Турските трупи и силите на ФСА исто така стигнаа до периферијата на градот Африн.
Од почетокот на операцијата турската војска и борците на ФСА ослободија 261 локации, вклучувајќи 217 села и 44 стратешки планини брда.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право, засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот: 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН односно на правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во јули 2012 година, без борба, на терористите од ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и во Европската Унија (ЕУ). ПКК, уште од средината на 1980-тите години, води терористичка кампања против Турција.