Ecenur Çolak,Sultan Çoğalan,Hatice Özdemir
21 Октомври 2016•Ажурирај: 21 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за одбрана на САД, Ештон Картер, кој престојува во посета на Анкара, го посети денес делот од турскиот парламент, бомбардиран за време на обидот за државен удар кој се случи на 15 јули, и порача дека неговата земја ја поддржува Турција и нејзината силна демократија, јавува Anadolu Agency (AA) .
Картер по приемот кај турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денес во Анкара, посети и дел од зградата на турскиот парламент кој е бомбардиран за време на обидот за државен удар кој се случи на 15 јули, а кој го извршија припадниците на терористичката организација ФЕТО.
Картер за случувањата во ноќта на 15 јули беше информиран од страна на турскиот министер за одбрана, Фикри Ишик, а американскиот министер во изјавата за медиумите упати порака на сочуство на семејствата на загинатите во таа ноќ.
„Секој во САД и целиот свет ги виде снимките на луѓето кои се бореа за демократијата и слободата. Мислам дека секој има голема почит кон јунаците и загинатите за време на ова страшно случување” , изјави Картер.
Тој истакна дека САД долго време е силен пријател и сојузник на Турција, и додаде дека неговата земја и „пружа поддршка на силната демократија и на Турција”.
Картер во рамките на посетата во Анкара одржа и состаноци со премиерот на Турција, Бинали Јилдирим и турскиот колега Фикри Ишик.