Esra Kaymak
01 Јуни 2016•Ажурирај: 02 Јуни 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот Стејт департмент порача дека ќе ја продолжат соработката со Република Турција, како клучен партнер во борбата против терористичката организација ДАЕШ, но воедно истакна дека ќе продолжат да ја поддржуваат милицијата на Сириските демократски сили, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција е клучен партнер во оваа борба и значаен партнер на НАТО. Вашингтон ќе ја продолжи соработката и дијалогот со Турција во изнаоѓање на ефективни модели на борба против тероризмот“, изјави потпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби.
Кирби додаде дека САД ќе продолжи да ги подджува и Сириските демократски сили, и истакна дека нивни членови не се исклучиво курдски борци, туку во нивниот состав делуваат арапски и други групи.
Сирискит демократски сили се сојуз на милиции во кои доминантна улога имаат милитантите на курдската група ПЈД, која претставува сириски огранок на терористичката организација ПКК. Во сојузот членуваат и помали групи на арапски, асириски, ерменски и туркменски борци.
Укажувајќи на фактот дека терористичката организација ДАЕШ претставува безбедносна закана долж турската јужна граница, Кирби изјави дека САД го цени сиот придонес кој Турција го дава на коалицијата во борбата против ДАЕШ.
Вашингтон го поддржува ПЈД и неговото вооружено крило ЈПГ во Сирија, иако Турција оштро се противи, со оглед на фактот што тие се сириски ограноци на ПКК, сепаратистичка органиација која се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, САД и Европската унија.