Zülfiya Yakup
13 Мај 2016•Ажурирај: 14 Мај 2016
ПРИШТИНА (AA) - Фудбалскиот сојуз на Косово стана 210 членка на Светската фудбалска организација (ФИФА). На 66 Конгрес на ФИФА кој се одржува во Мексико Сити, за прием на Косово гласаа 141 членка, јавува Anadolu Agency (AA).
За прием на Косово беше потребен позитивен глас, 105 од вкупно 209 членки на ФИФА. Советот на ФИФА претходно му предложи на Конгресот Косово да биде примено, а откако беше исполнет потребниот услов, приемот на Фудбалскиот сојуз на Косово во Европската фудбалска унија на 3 мај во Будимпешта.
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Косово Фадил Вокри во своето обраќање на Когресот најнапред упати благодарност до ФИФА за неодамнешниот прием, а потоа потсети на историјатот на косовскиот фудбал, наведувајќи дека Косово заслужува да стане членка на ФИФА.
Косово, истакна Вокри, имаше право да игра меѓународни пријателски натпревари.
"Многу од спортските сојузи на Косово се веќе примени во светските сојузи", рече Вокри. Тој додаде дека приемот на Косово би влијаел на подобрување на односите со Србија.
Потпретседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија се спротистави на приемот на Косово во ФИФА и нагласи дека Србија смета дека многу политики се вмешани во спорт.
"Според резолуцијата 1244 Косово сеуште е дел од Србија", нагласи српскиот функционер. Тој рече дека Србија подготвува жалба на Судот за спорт во Лозана против прием на Косово во УЕФА, бидејќи тоа е спротивно на статутот на таа европска организација.
Според претходните најави, приемот на Косово значи автоматско вклучување на косовската репрезентација во квалификации за Светско првенство во Русија 2018 година во групата со Турција, Хрватска, Украина, Финска и Исланд.